Францускиот напаѓач Антоан Гризман вчера дебитираше во дресот на Барселона во рамките од новата сезона во Ла Лига.
Гризман ги одигра сите 90 минути на гостувањето против Атлетик, но не се прослави бидејќи каталонскиот клуб доживеа пораз од 1:0. Францускиот напаѓач не успеа да влезе во ниту една посериозна шанса и прилично ги разочара навивачите на Каталонците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона францускиот напаѓач го доведе од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра и јасно е дека од него многу се очекува. Со доаѓањето во Барса Гризман избра да го носи дресот со број 17 бидејќи неговата седмица не беше слободна.
Меѓутоа утрово „Мундо Депортиво“ објави дека Гризман сепак ќе го добие својот број откако е потврдено дека Кутињо оди во Баерн. Така бројот седум ќе биде слободен и Гризман ќе има право да го замени бројот.