Најдобриот играч на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е среќен поради пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампиони, но не е задоволен како тимот одиграл во реваншот против Баер Леверкузен.
Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен одиграа без голови во осминафиналниот реванш, а „јорганџиите“ одат понатаму поради победата 4:2 во првиот меч кој се одигра во Германија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Имавме шанси за голови, но немавме среќа. Не ни беше во плановите да напаѓаме како лудаци. Го изборивме она што го сакавме и поради тоа сме среќни. Најважно е дека сме во четвртфиналето, веќе се насочивме кон наредниот меч“, изјави Гризман, кој нема особена желба во жребот за четвртфинале.
„Неважно е кого ќе добиеме. Доколку сакаме да се пласираме во финалето мораме секого да победиме“, заклучи Французинот.