Дома Фудбал Гризман: Мојот трансфер во Барселона не беше катастрофа, имав скоро 20 голови по сезона

Гризман: Мојот трансфер во Барселона не беше катастрофа, имав скоро 20 голови по сезона

Францускиот напаѓач Антоан Гризман дојде како големо засилување во Барселона во 2019 година.

Каталонскиот клуб за него плати дури 120 милиони евра колку што изнесуваше неговата откупна клазула, но Французинот не се снајде на „Камп Ноу“. Гризман одигра две солидни сезони, но јасно е дека од него се очекуваше повеќе. Изминатото лето се врати во Атлетико.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Бев многу среќен кога преминав во Барселона затоа што тоа го сакав. Имав фантастични соиграч ии научив многу од нив. Иако понекогаш не играв и беше тешко, но сметам дека мојот трансфер не беше кастастрофа затоа што имав скоро 20 голови по сезона. Горд сум што имав прилика да играм за Барселона“, изјави Гризман.

Францускиот напаѓач добро ја отвори сезоната во Атлетико и на 15 натпревари во сите натпреварувања успеа да постигне пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзии за водечкиот гол на Барселона: Телевизискиот кадар и ВАР снимката – не се совпаѓаат! (Видео)

Фудбалерите на Барселона синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампион…