Дома Фудбал Гризман: Би бил „валкан“ потег сега да заминам од Атлетико!

Гризман: Би бил „валкан“ потег сега да заминам од Атлетико!

Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман потврди дека и следната сезона ќе остане во Атлетико Мадрид истакнувајќи дека клубот е во незавидна положба поради блокадата за трансфери.

Гризман во последно време силно беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, кој беше спремен да ја активира неговата откупна клаузула.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, пред неколку дена Спортскиот суд ја потврди казната за Атлетико Мадрид за заврана за трансфери се до јануари 2018 година.

Поради тоа се променија и плановите на Гризман кој вели дека би било „валкан“ потег од негова страна да замине ова лето.

„Ова е тешко време за Атлетико. Би било „валкан потег“ доколку заминам сега. Разговарав со челниците на клубот и дефинитивно се враќам таму следната сезона“, истакна Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oдбраната пред се: Нема да си верува колку пари потрошил Гвардиола на 25 дефанзивци!

Манчестер Сити го ангажираше дефанзивецот Марк Гуехи од Кристал Палас за сума од 23 милион…