Дома Фудбал Останато Грешки какви што не му доликуваат: Сте гледале ли волку лош Буфон? (ВИДЕО)

Грешки какви што не му доликуваат: Сте гледале ли волку лош Буфон? (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен со пораз ја заврши сезната во француското првенство.

Парижаните така го запишаа четвртиот пораз во последните девет натпревари во превенството, а два пати одиграа нерешено и победија само на три натпревари.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Екипата на Томас Тухел сезоната ја заврши со 91 освоен бод и поради лошата форма во финишот од сезоната не успеаа да освојат 100 бода.

Поради лошата форма ПСЖ остана и без трофејот во купот каде што во финалеот беа поразени од Рен после изведувањето на пенали (2:2).

Вчера ПСЖ изгуби со 3:1 од Ремис, а најголем виновник за овој пораз можеби е голманот Џанлуиџи Бифон.

Легендарниот Италијанец првиот гол го прими од еден тежок агол и тоа меѓу нозе, кај вториот имаше една навистина лоша реакција на не толку добар удар. Во продолжението прими и трет гол за кој веројатно не беше толку виновен, но и тука може да му се забележи поради катастрофалното лошо истрчување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Даниела Алексовска поразена во полуфиналето на Светското првенство (Видео)

Maкедонската ММА борачка Даниела Алексовска доживеа пораз во полуфиналето на Светското прв…