Дома Фудбал Англија Грди пораки за УЕФА од трибините на Етихад (ФОТО)

Грди пораки за УЕФА од трибините на Етихад (ФОТО)

Манчестер Сити синоќа на Етихад го победи Вест Хем со 2:0 во натпревар од 26. коло во англиската Премиер лига.

Граѓаните успеаја да стигнат до уште три бода по многу турбулентна недела. Сити од страна на УЕФА беше суспендиран од играње во Лигата на шампионите во наредните две години, што и синоќа беше главна тема.

Етихад беше полупразен, а навивачите на Сити кои дојдоа на натпреварот подготвија транспаренти посветени на УЕФА. Тие веруваат дека УЕФА ги казни без причина и дека станува збор за неправедна одлука против нив.

На стадионот на Манчестер Сити синоќа на трибините можеше да се забележат транспаренти на кои пишуваше “UEFA Mafia“ и “UEFA Cartel“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Легендарни дуели од Премиер лигата (видео)

Во време кога има недостаток на спортски настани, а и препораките се да седиме дома, добро…