Дома Фудбал Франција Грабеж на Ибица: Верати останал без – три милиони евра!

Грабеж на Ибица: Верати останал без – три милиони евра!

Голем дел од фудбалерите летниот одмор одлучија да го поминат на Ибица.

Така популарната дестинација ова лето се одлучија да ја посетат Роналдо, Меси, Суарез, Влаховиќ...Еден од оние кои престојуваше на Ибица беше и Марко Верати. Овој одмор Италијанецот нема да го памети по добро затоа што бил мета на грабеж.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, крадци влегле во вилата во која Верати го поминувал одморот и според информациите на Шпанците го „олесниле“ за вредност околу три милиони евра. Освен што украле пари, украдена била и голема количина накит и уште некои вредни предменти.

Грабежот се случил во текот на вчерашниот ден додека Верати и неговото семејство не биле во вилата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Холанд: Сакам да продолжам во Англија, тоа е најдобро место за фудбал

Пред дуелот, норвешкиот напаѓач даде интервју за The Rest Is Football, во кое коментираше …