Фан на Баерн Минхен го тужи тимот поради повреда која што ја заработил на Алианц Арената во 2014. година.
Фриц Ретенштајнер чекал ред за влез на Алианц Арената во 2014. година за реванш натпреварот од четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед, меѓутоа тој не успеал да стигне до неговото седиште и да го изгледа натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во еден момент при влезот, фан на Манчестер Јунајтед се качил на оградата за да не плати карта и скокнал од другата страна право на главата на несреќниот Ретенштајнер.
Од силниот удар, германецот паднал и останал без заби, а ги повредил и лактот и коленото. Тој имал некоклу операции на коленото, меѓутоа се уште нема целосно заздравено и користи штаки за помош при одење.
Ретенштајнер сега го тужи Баерн и бара 120.000 евра оштета бидејќи тимот не му ја обезбедил сигурноста, а имал платена карта.
Навивачот на Манчестер Јунајтед, кој што е крив за повредата бил фатен, меѓутоа тешко е да се верува дека тој ќе одговара за повредите, а од Баерн Минхен не признаваат кривица.
На Алианц Арената годишно доаѓаат околу 2 милиони гледачи, а според податоците само пет успеале да влезат без билет.
„Не постои сигурносен ризик. Алианц Арената е еден од најсигурните стадиони во светот“ изјави Герхард Ридл, адвокатот на Баерн.
Судот предложил спогодба во износ од 10.000 евра, меѓутоа таа била одбиена и од Ретенштајнер и од Баерн.