Денес во македонското првенство се одигра 26-тото коло од македонската прва лига.
Во ова коло Шкендија успеа да ја зголеми предноста во однос на Вардар на 10 бодови, а интересна ситуација беше забележана на натпреварот помеѓу Силекс и Македонија ЃП кој заврши без победник 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Христијан Кировски ќе биде еден од главните кандидати за промашување на сезоната во македонското првенство откако денес успеа да промаши празен гол. Кировски беше стрелец на водечкиот гол за Македонија ЃП, но во второто полувреме не се прослави.
Само една минута после неговото промашување Силекс изедначи преку Дарко Алексовски.