Дома Трансфер зона Готово: Челзи го продаде Беговиќ за 11,5 милиони!

Готово: Челзи го продаде Беговиќ за 11,5 милиони!

Раководството на Челзи ја прифати понудата тешка 11,5 милиони евра од Бурнмаут за резервниот голман Асмир Беговиќ, пренесува „Скај Спорт“.

Како што пренесува медиумот останува уште Беговиќ да ги договори личните услови и да ги помине медицинските тестови за официјално да стане член на Бурнмаут.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Беговиќ пристигна во Челзи во јуни 2015 година и потпиша четиригодишен договор со „сините“, но во текот на двете години беше резервна опција за Куртоа.

Меѓутоа 29-годишниот голман самиот побара да биде продаден бидејќи сака поголема минутажа, а тоа че му го овозможи премиерлигашот Бурнмаут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Енрике нема трпение: ПСЖ ја продава ѕвездата од 95 милиони евра?

Француските медиуми пред неколку дена пишуваа за ситуациите на Осман Дембеле и Џанлуиџи До…