Германскиот стратег Томас Тухел ќе биде нов селектор на Амглија. Тој ја прифатил понудата да го преземе кормилото на Англија, објави „Скај Спорт“.
Германецот, кој е без работа откако го напушти Баерн ова лето, ќе стане постојан наследник на Герет Саутгејт, кој поднесе оставка по поразот на Англија од Шпанија во финалето на ЕП 2024.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тухел ќе го преземе националниот тим на Англија на почетокот на 2025 година и ќе ја води низ квалификациите за СП 2026.
Тој ќе биде третиот странски селектор на кормилото на англиската репрезентација, по Свен Горан Ериксон и Фабио Капело.