Легендата на Манчестер Јунајтед и поранешен тренер на овој клуб, Оле Гунар Солскјер ќе се врати на тренерската работа и тоа во белгискиот Клуб Бриж.
По отказот на Скот Паркер Бриж остана без тренер и нивна прва желба е да го донесат Солскјер кој ја прифатил понудата и се чека само официјализација, наводно потребно е да се договорат само одредени ситни детали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Солскјер го водеше Јунајтед на 168 натпревари и во нив оствари 92 победи, 35 пати ремизираше и беше поразен на 41 натпревар.
Бриж лани беше шампион во својата земја, имаше одлична европска сезона со осмианфинале, но сезонава е дури петти во Белгија, лидерот на табелата Генк има дури 19 бода повеќе.