Играчот за врска на Реал Мадрид е на чекор до преселба во Тотенхем, пренесуваат шпанските медиуми.
Според „АС“ главната заслуга за овој трансфер е на менаџерот на „спарси“ Маурисио Покетино, кој го убедил Шпанецот да се пресели во Лондон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покетино му ги открил деталите од проектот и му ветил дека ќе биде важен дел од тимот, односно ќе има голема минутажа во Тотенхем следната сезона.
Себаљос не сака трајно да го напушти Реал Мадрид и е спремен да замине само на едногодишна позајмица и тоа во клуб каде што ќе игра со континуитет.
Интерес за 22-годишниот плејмејкер покажаа уште Севиља и Милан, но Себаљос се одлучи за Тотенхем и поради можноста да игра во Лигата на шампиони следната сезона.
Формулата на трансферот се уште не е откриена, но најверојатно станува збор за едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.
Tottenham are close to finalising a deal to sign Real Madrid midfielder Dani Ceballos. (Source: Estadiodeportivo) pic.twitter.com/lAL3UVyEUQ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 8, 2019