Наполи постигна договор со Сасуоло за трансфер на италијанскиот репрезентативец, Џакомо Распадори.




Распадори важи за еден од најголемите италијански таленти и одигра уште една одлична сезона, па Наполи во него гледа идеален наследник на Мертенес.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Наполитанците веќе имаше договор со напаѓачот за 5-годишна соработка и изминатиот период преговараше со Сасуоло.




„Скај Италија“ пренесува дека двете страни постигнале конечен договор и Наполи за Распадори ќе плати 30 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.




Се очекува напаѓачот во текот на денот да пристигне во Неапол, а утре да го комплетира трансферот.