Дома Трансфер зона ГОТОВО: Митровиќ патува за Саудиска Арабија!

ГОТОВО: Митровиќ патува за Саудиска Арабија!

Изјавата на тренерот на Фулам, Марко Силва, дека Александар Митровиќ нема да игра на мечот со Брентфорд, многумина ги доведе во сомнеж дека српскиот репрезентативец всушност го финализира трансферот во Ал Хилал.

Синоќа се појавија уште поконкретни информации.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Спортски Журнал објави дека Александар Митровиќ во наредните денови ќе стане нов играч на Ал Хилал од Саудиска Арабија!

Истиот извор наведува дека ќе потпише тригодишен договор со најтрофејниот клуб во својата земја, со што ќе му се придружи на колегата од репрезентацијата Сергеј Милинковиќ Савиќ, како и на Нејмар.

Митровиќ вчера од Лондон преку Париз тргна кон Ријад.

Фулам пред два дена дефинитивно ја прифати понудата на Ал Хилал, англискиот клуб ќе инкасира околу 60.000.000 долари, а Александар Митровиќ кога ќе го заврши тригодишниот договор ќе биде побогат за 75.000.000 долари со богати бонуси за голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…