Искусниот Бразилец Вилијан стана многу баран играч на трансфер пазарот откако заврши неговиот договор со Челзи.
Вилијан ја одби и последната понуда од „сините“ за двегодишен договор и ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ како слободен агент.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Бразилецот имаше неколку понуди, но англиските медиуми тврдат дека веќе се договорил со Арсенал. „Топџиите“ му понудија тригодишен договор со плата од 170.000 фунти неделно, а Вилијан ја прифати понудата.
Тој и неговото семејство се чувствуваат одлично во Лондон, па тоа било една од причините да ја прифати понудата на градскиот ривал на Челзи.