Иако се најавуваше дека може да се врати во Серија А, Леонардо Бонучи се пресели во Турција и денес треба да стави потпис на договор со Фенербахче.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Минатото лето Бонучи се пресели во редовите на Унион Берлин, но по краткиот престој во Германија ќе продолжи во Турција.
Денес Бонучи треба да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор до крајот на сезоната.
За овој краткорочен договор Бонучи ќе добие плата од 1.3 милион евра. Оштета ќе добие и Унион Берлин, а засега не е познато колку таа ќе изнесува.