Дома Фудбал Готово: Барселона го исфрли Дембеле од тимот

Готово: Барселона го исфрли Дембеле од тимот

Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле нема да патува со тимот за Билба и не е во конкуренција за мечот со Атлетик од осминафиналето на шпанскиот Куп.

Французинот  не е повреден, но веројатно нема да игра повеќе за Барселона додека не стави потпис на нов договор, бидејќи му истекува на крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Раководството пред два дена му постави ултиматум, ако не ја продолжи соработката ќе биде исфрлен од тимот.

Клубот го загуби трпението со Дембеле, кој не ја прифати понудата и поктрај ултиматумот. Вчера двете страни имале последна средба, на која не се стигнало до договор.

Чави изјави дека Дембеле ако не стави потпис на нов договор треба да биде продаден до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дел Пиеро остро го нападна италијанскиот фудбал

Легендарниот капитен на Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро во еми…