Дома Фудбал Лапорта потврди: Дембеле става потпис на нов договор

Лапорта потврди: Дембеле става потпис на нов договор

Осман Дембеле е се поблиску од потпишување на нов договор со Барселона и недостасуваат само мали детали, пренесува каталонски „Спорт“.

Раководството на Барселона има оптимизам дека преговорите можат да завршат наскоро и Дембеле да стави потпис на нов договор. Французинот прифатил мало намалување на платата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дембеле влезе во последната година од договорот, па доколку не го продолжи договорот следното лето може да си замине без обештетување.

Французинот доживеа тешка повреда на ЕУРО, имаше операција и моментално се рехабилитира, а се очекува да се врати на терените во јануари 2022 година.

Претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта потврди дека имал средба со агентите на фудбалерот и дека Дембеле ќе остане на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…