Дома Трансфер зона Готово: Атлетико го донесе првото големо засилување!

Готово: Атлетико го донесе првото големо засилување!

Португалскиот дневен весник „А Бола“ пренесува дека Атлетико Мадрид договорил големо засилување од Порто.

Имено, мексиканскиот репрезентативец Хектор Ерера од наредната сезона ќе го носи дресот на Атлетико, а во Мадрид ќе пристигне како слободен агент.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Станува збор за искусен 28 годишен играч од средниот ред кој пред Порто играше само за клубови од неговата татковина.

Причината за неговото заминување е што клубот не успеа да се договори со него за продолжување на соработката поради финансиските барања на фудбалерот кои станале терет за клубот. Атлетико според информациите немал проблем да ги исполни неговите барања, па овој фудбалер како слободен играч ќе се пресели во Мадрид.

За Ерера интерес покажаа неколку европски гиганти, но Атлетико успеа да ја победи конкуренцијата и сигурно ќе биде големо засилување за тимот на Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…