Дома Трансфер зона Во Мексико сигурни: Хектор Ерера се сели во Милано!

Во Мексико сигурни: Хектор Ерера се сели во Милано!

Италијанските медиуми неодамна објавија дека Милан сериозно влегол во трката за потписот на мексиканскиот репрезентативец Хектор Ерера.

Ерера со години наназад е главен организатор на играта на Порто, но Мексиканецот ова лето ќе го напушти клубот како слободен агент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За него силен интерес покажаа неколку клубови од Премиер лигата и Серија А, но последните информации се дека Леонардо ја победил конкуренцијата.

Наводно „росонерите“ веќе договориле четиригодишна соработка со 28-годишниот играч за врска.

Ова го пренесува мексиканска „ЕСПН“ која е добро информирана за иднината на Ерера. Телевизијата тврди дека наскоро плејмејкерот ќе потпише преддоговор со „росонерите“.

Милан сака да го засили средниот ред за следната сезона, па Ерера сигурно ќе биде големо засилување кое ќе донесе квалитет и искуство во тимот на Џенаро Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…