Дома Останати Тенис „Горан сака фантазии, а тоа не е добро. Отказот на Новак за Иванишевиќ е најдобрата одлука“

„Горан сака фантазии, а тоа не е добро. Отказот на Новак за Иванишевиќ е најдобрата одлука“

Поранешниот Дејвис куп селектор на српската репрезентација, Радмило Арменулиќ го коментираше прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ.

Српскиот тенисер, за многумина и најдобриот на сите времиња, и легендата на хрватскиот тенис го потврдија раскинувањето на соработката која траеше од летото 2019 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Пресудија резултатите. Новак откри дека Иванишевиќ повеќе не може да му го дава потребното внимание. Очигледно е дека тренинзите веќе не беа активни, дека имаше заситеност. Мислам дека Новак донесе добра одлука. Ќе видиме дали тоа ќе биде успешно. Мое мислење е дека ќе биде“, вели Арменулиќ за Курир и додаде:

„Горан ми беше играч. Го познавам многу добро. Тој сака фантазии, а тоа не е добро за тренер. Особено тренерот кој се грижи за најдобриот во светот. Плус, не бев сигурен дека има добро око за детали во тениската игра“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз и Синер треба да бидат внимателни: Бившиот тренер на Ѓоковиќ верува дека може да достигне до 25 грендслема

Неверојатни настапи покажа Новак Ѓоковиќ на првиот грендслем во Мелбурн, особено во полуфи…