
Горан Драгиќ пред неколку дена остана без тим откако Торонто се ослободи од него после само пет натпревари.




Сега Драгиќ пронајде нов ангажман. Нов тим на Словенецот е Бруклин Нетс кој му понуди договор до крајот на сезоната. 36-годишниот кошаркар ќе биде ново парче од сложувачката на еден од тимовите кои важат за фаворити за шампионскиот прстен.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Очекувањата Драгиќ да помага од клупата за резерви. Во НБА лигата Драгиќ има настапувано уште за Феникс Санс, Хјустон и Мајами.
Коментари