Капитенот на Словенија, Горан Драгиќ го предводеше својот националец тим до европското злато, а денес донесе конечна одлука да се повлече од репрезентацијата и да ја завршии својата кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нему денес му беше врачен посебен подарок и тоа од страна на мајката на еден од најдобрите кошаркари во историјата на Европа.
Бисерка Петровиќ на Горан му го испрати дресот на Дражен од Њујорк Нетс што предизвика посебни емоции кај Словенецот.
„Ова е еден од најубавите подароци што сум ги добил во животот. Дражен беше мој идол. Сите знаеме што направи за југословенската кошарка и за кошарката воопшто. Голема чест е да се облече овој дрес со бројот 3“, истакна Драгиќ.
На лицето на капитенот на Словенија се видоа солзи што покажа навистина какви емоции предизвика ваквиот гест кај него.
