Лидерот во турското првенство, тимот на Башакшекир денес доби ново големо засилување, бразилската легенда Робињо.
Искусниот Бразилец кој наскоро ќе наполни 35 години дресот на Сиваспор го замени со тој на Башакшекир и ќе се обиде на тимот од Истанбул да му помогне да ја освои шампионската титула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нашиот клуб постигна договор со Сиваспор за трансферот на Робињо де Соуза“, стои во соопштението.
Робињо во Турција пристигна во 2018 година од Атлетико Минеиро, а најдобрите години ги помина во Европа играјќи за Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан.
?? "Kulübümüz Robson De Souza (Robinho)’nın transferi için Demir Grup Sivasspor Kulübü ile anlaşmaya varmıştır. Her iki kulübe de hayırlı olsun."
Göksel Gümüşdağ pic.twitter.com/a7nlFuNmXb
— İstanbul Başakşehir (@ibfk2014) December 27, 2018