Легендата на Чикаго Булс, Мајкл Џордан ќе донира огромна сума на пари за изградба на медицински центар во Шарлот.
Реномираниот портал „ЕСПН“ пренесува вест за хуманитарниот гест на легендарниот Мајкл Џордан кој одлучил да донира седум милиони долари.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Се работи за најголема донација на поранешниот кошаркарски ас. Најголемата сума ќе биде вложена во нов медицински центар во Шарлот, а Мајкл Џордан порачал дека се надева дека новата клиника ќе овозможи здрава иднина на децата и семејствата кои ќе им служи.
Завршувањето на изградбата и отварањето на нов медицински центар кој ќе го носи името „Мајкл Џордан“ се очекува да биде завршена за 2020 година.