Рома во послдниот ден од преодниот рок успеа да донесе големо засилување и го договори трансферот на Хенрих Михтарјан.
Ѕвездата на Арсенал ќе пристигне на „Олимпико“ на едногодишна позајмица, а следното лето Рома ќе има можност во целост да го откупи неговиот договор за 10 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Михтарјан утрово пристигна во Рим и откако ќе ги мине рутинските лекарски прегледи и официјално ќе стави потпис на договорот.
Ерменецот не ги оправда очекувањата во Арсенал и падна во втор план, па се сели во Рим за да ја „оживее“ својата кариера.