Конечно заврши сагата околу иднината на кариерата на најдобриот исландски ракометар, Арон Палмарсон.
Досегашниот ракометар на Веспрем кариерата ќе ја продолжи во каталонскот гигант Барселона каде потпиша договор до 2021 година и сигурно ќе биде големо засилување во походот кон шампионската титула.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според шпанските медиуми сумата која ја плаќа Барселона за Палмарсон изнесува 700.000 евра иако Веспрем бараше најмалку милион евра.
Барселона од поодамна се обидуваше да дојде до Палмарсон, но Веспрем сакаше да го задржи својот ракометар кој дури се закани и со штрајк.