Тимот на Жозе Мурињо против тимот на Пеп Гвардиола е секако нешто што сите со нетрпение го очекуваат, но прашање е дали во недела во закажаниот термин ќе се одигра дербито во Манчестер.
Имено, метеоролозите во Англија најавуваат врнежи н снег во текот на викендот, па прашање е дали „Олд Трафорд“ ќе биде подготвен за одигрување на мечот. Прашање е дали ќе се одигра и дербито против Ливерпул и Евертон, кое се игра во 15:15 в недела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Олд Трафорд“ има подно греење и тоа на големо ќе помогне во стекнувањето на услови за игра, но евентуалниот снег и лед би можеле да создадат проблеми околу стадионот што исто така би можело да биде причина средбата да се одложи за некој друг ден.