Минатогодишното Светско првенство кое се одржа во Русија изобилуваше со безброј прекрасни фотографии.
Голем број фотографи од целиот свет се обидуваа да направат што подобра фотографија на Мундијалот, а голема гордост за нас е што помеѓу најдобро направените фотографии се најде и фотографијата на еден Македонецот!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓорѓи Личовски кој работи за агенцијата на ЕПА имаше таква чест. Личовски на својата фотографија која беше избрана од „Гардијан“ за една од најдобрите ја овековечи радоста на аргентинската легенда Диего Армандо Марадона.
Фотографијата навистина изгледа „моќно“ – Диего гледајќи кон небото го прославува голот, додека останатите навивачи на Аргентина што се околу него го прославуваат погодокот.
Еден светски познат медиум како што е „Гардијан“ да ја избере твојата фотографија помеѓу најдобрите 30 на еден така голем настан каде што во еден натпревар настануваат стотици фотографии воопшто не е мала работа.
Иначе, станува збор за еден од најдобрите фотографии кои Македонија ги има. Сивито на Личовски е навистина богато, тој е дел од скоро сите големи спортски случувања, всушност самото присуство на настан како Светското првенство е доказ за неговите квалитети.
Името на Личовски ќе биде вечно запишано и во македонската фудбалска историја. Токму тој е човекот кој во 1993 година го фотографираше моментот кога Зоран Бошковски – Чоко го постигнува првиот гол за Македонија како незавсина држава.