Дома Фудбал Останато Голема исповед на Месут Озил: Пружив рака, а мојот град ми го сврте грбот…

Голема исповед на Месут Озил: Пружив рака, а мојот град ми го сврте грбот…

Играчот за врска на Арсенал за „Тhe Athletic“ зборуваше за непријатната епизода од својот живот и изрази желба да остане во лондонскиот тим и да се бори за своето место во тимот.

Месут Озил е еден од најтаинствените играчи бидејќи малкумина играчи предизвикуваат такви конфликтни емоции посебно помеѓу навивачите на Арсенал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И на теренот и надвор од него успоните и падовите носат бескрајни расправи, пофалби и критики. Во последните месеци Германецот престана да биде важна фигура за неговиот тим. Го нападнаа хулигани во близина на неговиот тим, а претходно си замина и од германската репрезентација.

Озил во Арсенал пристигна од Реал Мадрид во 2013 година во јануари 2018 година. Тој тогаш потпиша договор на 3.5 години со плата од 350.000 фунти неделно. Меѓутоа на крајот од сезоната кога Венгер си замина, неговата улога во клубот се намали. Оваа сезона настапи само на три натпревари за Арсенал.

После се Озил не сака да замине од Лондон.

„Постојат тешки периоди како овој, но тоа не е причина за бегање и не сакам да заминам. Ќе останам тука барем до 2021 година. Кажав дека Арсен Венгер беше клучниот фактор поради кој дојдов тука. Сепак и кога замина јас сакам да останам, бидејќи сакам да играм во Арсенал и поради тоа сум тука шест години“.

„Кога преминав од Реал Мадрид, Арсенал минуваше низ тежок период. Но секогаш верував дека можеме да успееме и задно одевме кон своите цели. Во последно време беше тешко, многу работи се променија. Но горд сум што сум играч и навивач на Арсенал, среќен сум тука“.

„Мислам дека нема да бидам отпишан. Ќе играм. Верувам дека можам да ги исполнам барањата на тренерот. Сакам да помогнам на клубот“.

Дел од јавноста го обвинуваше дека во последно време не дава се од себе, но Озил таквите работи ги нарече глупости.

„Ако тоа е вистина зошто во текот на летото работев напорно? И зошто од одморот после Светското првенство минатата година се вратив порано? Го направив тоа за тренерот, за тимот и клубот. Можеби на луѓето не им се допаѓа што имам таков договор? Не знам, не ме интересира тоа“.

Озил беше запрашан и за фотографијата со Ердоган која предизвика многу ракции во јавноста.

„Ердоган во овој момент е претседател на Турција. Го почитувам, без оглед кој е. Иако сум роден и растев во Германија, имам турски корени. Доколку претседателот на Германија или Ангела Меркел ме повикаше да се сретнам со неа во текот на посетата на Лондон секако дека ќе се согласев. Јас само покажав почит кон првиот човек на таа земја“.

Во Германија тогаш му ја затворија вратата.

„Не барам луѓето да ме сакаат, само сакам да почитуваат почит кон она што го направив за Германија. Репрезентацијата сеогаш се бореше за титули. Мојата генерација го промени германскиот фудбал. Стана поинтересен за гледање. Но после фотографијата (со Еродган) се чуствував навреденот и без поддршка. Примив многу навреди, дури и од политичари и од јавни личности, а никој тогаш од репрезентацијата не кажа: „Еј престанете. Ова е наш играч и не треба така се однсувате кон него“. Сите само молчеа и чекаа да видат како ќе се заврши. Сите веруваа дека расизмот во таа ситуација беше оправдан“.

„Пред Светското првенство морав да станам лице на некои спонзорски договори, но одеднаш се беше откажано и бев исклучен од списокот. Некои германски хуманитарни организации не сакаа да бидам нивни амбасадор и ме советуваа да се дистанцирам. Најмногу ме вознемири реакцијата на моето училиште во Гелзенкирхен. Секогаш ги поддржував, заедно планиравме уште една едногодишна програма. Буквално се беше испланирано, но тогаш бев повикан да ми се каже дека не треба да присуствувам поради медимското влијаение. Не можев да верувам. Мојот роден град, моето училиште…Им пружив рака, а тие ми го свртеа грбот. Никогаш не сум се чуствувал така непожелно“, отворено зборуваше Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…