Дома Фудбал Италија Голема исповед на Ванда: Јас сум револуционер!

Голема исповед на Ванда: Јас сум револуционер!

Mногумина ја обвинуваат Ванда Нара за она што му се случува на Мауро Икарди во Интер.

Икарди и Ванда не успеаа да се договрат со Интер околу новиот договор, а поради тоа на Аргентинецот му беше одземена капитенската лента и од тој момент Икарди не се појавил на теренот во дресот на „нероаѕурите“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многу се пишуваше низ медиумите на оваа тема во последните денови, а Ванда Нара сега се појави во јавноста и зборуваше за многу работи.

„На Мауро му остануваат уште две години од договорот со Интер, ние сме среќни тука. Гледаме како можеме да напредуваме и сигурна сум дека работите ќе се решат на најдобар начин за Интер и Мауро. Постојат промени во клубот, пристигна нов директор…Милано е како мој втор дом и моите деца се Италијани. Едно од нив е родено во Аргентина, но многу брзо дојдовме тука“.

icardi vanda

„Многу се зборува за тоа дали ќе се преселиме или не, но можеби медиумите се тие кои најмногу притискаат. Светот во кој сум влезена е машки и ова што го правам е револуционерно. Водењето грижа за кариерите на фудбалерите е нешто за кое се грижат мажите, додека жените во главно се поврзани со домот и семејството. Затоа јас се сметам за еден револуционер“.

„За многумина ова што го правам е чудно. Можам да кажам дека многу пријателки кои се сопруги на фудбалери ме замолија да се грижам за нивните кариери. Тие ме познаваат и знаат како се однесувам. Со Мауро нема криза, ниту пак некогаш ја имало. Приказните кои се појавија во медиумите се само фантазија и немаат многу врска со нашите приватни животи. Ние сме навистина среќни заедно“, тврди Ванда.

Признава дека е опкружена со луѓе кои ја сакаат, но и луѓе кои не ја сакаат.

„Некои се обидуваа да ме дестабилизираат, но тешко им оди. Има и такви кои ме почитуваат. Мауро ми дава храброст. Тој е мојот мачо тип и има голема доверба во мене“.

И понатаму тврди дека нема проблеми со Икарди…

„Луѓето измислуваат работи и прават циркус, така беше со палењето фотографии. Измислија 1000 работи досега. Имам деца кои сето тоа го читаат, морам да ги предупредувам и да ги спремам претходно за тоа. Мене ми е најважно сите во моето семејство да се среќни и здрави. Се обидувам да ги научам децата да бидат вредни и чесни. Ја можам да не работам, но имам канцеларија во Милано, водам емисија и застапувам играчи“…

„Со Мауро не сум поради пари. Секогаш сум заработувала сама, со него сум од искрена љубов“.

brozovic

За аферата со Марсело Брозовиќ?

„Не го познавам, никогаш не сум го видела“, додаде Ванда.

Порака за крај…

„Мојот маж е Мауро Икарди. Не знам дали треба да објаснам. Јас сум мајка, жена, пријател, работник, скромна жена, забавна, искрена, директна…Накратко, добар човек“, заврши Ванда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…