Дома Фудбал Останато Голема драма во Аргентина: Ривер победи, Бока освои титула!

Голема драма во Аргентина: Ривер победи, Бока освои титула!

Фудбалерите на Бока Јуниорс го освоија трофејот во првенството во Аргентина откако во последното коло на „Бомбоњерите“ ремизираа 2:2 со Индепендиенте.

Пред натпреварот од последното коло, Бока имаше 51 бод, еден повеќе од второпласираниот Расинг Клуб, кој се сретна со големиот ривал на Бока, Ривер Плата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


И, не започна се идеално за Бока кога Леандро Фернандез постигна гол од белата точка за водство на Индепендиенте во 32. минута. Затреперија срцата на сите на „Бомбоњера“, за две минути подоцна да ги смири Гиљермо Фернандез со израмнувачкиот гол.

Атмосферата ја вжешти Себастијан Виља, а во истиот момент на натпреварот на Расинг и Ривер немаше голови.

Расинг потоа поведе со голот на Рохас, за израмнување се погрижи Борха. Во меѓувреме, на „Бомбоњера“ гостите постигнаа гол за 2:2, преку Ваљехо. Тогаш следуваше најголемата драма, неколку минути подоцна Расинг доби пенал.

Џонатан Галван беше очи во очи со Армани, кој го одбрани неговиот удар од белата точка и на тој начин практично и ја предаде титулата на Бока. Точка на целата драма стави Мигел Борха со неговиот втор гол во петтата минута од судиското надополнување, Ривер победи, а Бока го врати трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клајверт потсети на својот славен татко: Погледнете ја магијата против Фулам (Видео)

Фудбалерите на Борнмут го отворија седмото коло на Премиер лигата со победа против Фулам о…