Дома Фудбал Италија Годините не му можат ништо: Кваљарела пред нов потпис!

Годините не му можат ништо: Кваљарела пред нов потпис!

Фабио Кваљарела има 36 години, меѓутоа тоа не му пречи да игра во одлична форма.

Со одличните настапи минатата сезона Фабио Кваљарела ја доби довербата од селекторот на Италија во својата 36-та година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Оваа сезона не му оди така добро и постигна два гола, но во Сампдорија сакаат тој да игра во нивниот тим и наредната сезона.

Според пишувањето на италијанските медиуми, Кваљарела наскоро ќе го продолжи договорот до летото 2021 година и ќе има плата од еден милион евра годишно пус 300.000 како бонуси кои ќе зависат од неговите настапи.

Тој во клубот од Џенова собра 182 настапи во сите натпревари и постигна 76 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендата од Серија А ја отвори душата: „Откако почина синот, ми се уништи животот засекогаш

Поранешниот фудбалер Диего Фузер, кој за време на својата кариера играше за големи клубови…