Дома Офсајд Глумеа ли Јовиќ и Љајиќ „пријатели“ во репрезентацијата?

Глумеа ли Јовиќ и Љајиќ „пријатели“ во репрезентацијата?

Репрезентацијата на Србија доживеа пораз во Лигата на Нации од Унгарија со 0:1, меѓутоа нешто за кое посебно се зборува после натпреварот е односот на Адем Љајиќ и Лука Јовиќ.

Јовиќ и Љајиќ беа гушнати еден покрај друг за време на интонирањето на химната и тоа немаше да биде чудно ако двајцата не биле дел од скандал за кој се пишува низ српските медиуми.

Имено, Љајиќ три години беше во врска со Софија Милошевиќ, а српската манекенка му ја украде токму Јовиќ кој сега живее заедно со неа. Медиумите пишуваат дека дури Љајиќ на Софија и купил стан во кој таа сега често престојува со Јовиќ.

Сега дали случајно се погодија еден до друг или фудбалерите сакаа да испратат порака дека приватниот живот го оставаат надвор од теренот тешко е да се каже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Насмевката која можеби му ја украде победата на Јувентус 📸

Јувентус синоќа гостуваше кај Кротоне и освои само бод (1:1). Старата дама без Кристијано …