Откако пред некој ден на натпреварот од бразилската лига беа исклучени девет играчи, бразилските полуаматери повторно се најдоа на светските насловни страници.
Лигашкото дерби на регионот Мато Гросо помеѓу Комерцијал и Оперио заврши со 1:0, но овој натпревар не се најде на насловните страници поради резултатот или некој погодок.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
По завршувањето на оваа средба фудбалерот на гостите Џеферсон Реис го фати собирачот на топки и бувкално започна да го тепа.
Реис го тепаше младото момче се додека играчите не го раздвоија. Освен нив во пресетка влегоа неколку играчи на двата тима, а на теренот мораа да влезат специјалците за да спречат поголем инцидент.