Дома Фудбал Останато Гигс приведен во полиција поради напад на неговата девојка

Гигс приведен во полиција поради напад на неговата девојка

Легендата на Манчестер Јунајтед и актуелниот селектор на Велс, Рајан Гигс завршил во полициска станица поради напад на неговата девојка.

Медиумите објавија дека во неделата навечер полицијата дошла во домот на Гигс поради пријава за вознемирување. Гигс наводно и нанел телесни повреди на неговата девојка, Кејт Гравил.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Девојката се здобила со помали повреди и не и било потребно лекување“, се наведува во полицискиот извештај.

Гигс бил пуштен на слобода откако платил кауција.

Гигс и Гравил во врска се од 2017 година, а веста за почетокот на нивната врска стигна откако Гигс се разведе од поранешната сопруга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…