Дома Фудбал Останато Гигс откри како се запознал со Ван Гал: Ако му вратев веројатно ќе добиев отказ

Гигс откри како се запознал со Ван Гал: Ако му вратев веројатно ќе добиев отказ

Рајан Гигс целата своја кариера ја помина во Манчестер Јуанјтед, а едно време работеше и во стручниот штаб на популарните „црвени ѓаволи“.

Гигс на клупата соработуваше со легендарниот Луис Ван Гал кој го ангажираше како помошник.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Некогаш одличното лево крило гостуваше во емисијата на Џејми Карагер и откри дека на првиот состанок со Ван Гал добил удар во стомак.

„Отидов во хотел да се запознаеме, кога стигнавме, отвори врата, ме погледна и ми кажа дека добро изгледам, а потоам ме удри во стомак. Не знаев што да направам. Можев да му вратам со иста мера, но тоа веројатно ќе значеше отказ“, изјави Гигс.

Без оглед на чудниот начин на запознавање Гигс го пофали Ван Гал зборувајќи дека внимавал на своите асистенти и дека е добар човек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…