Луис Ван Гал со Холандија беше блиску до пласман во полуфиналето, но неговата селекција беше запрена Аргентина која славеше на пенали.
Тој натпревар беше преполн со тензии и провокации, а во дел од нив беше вклучен и Ван Гал. Меси по постигнатиот гол во текот на натпреварот славеше пред него и многумина сметаа дека Аргентинецот имал причина за таквиот однос.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Ван Гал тврди дека тој никогаш не го навредил Меси.
„Никогаш не сум го критикувал Меси. Единствено што кажав беше дека во 2014 година успеавме да го изолирам и не дозволивме да добие топка. Аргентинските медиуми на погрешен начин ги пренесуваа моите зборови“, изјави Ван Гал.
Сепак, тој додаде и забелешка за ФИФА.
„Назначувањето на Лахоз за главен судија беше грешка на ФИФА. Тој со Аргентинците зборуваше на шпански и воопшто не ни посветуваше внимание“, истакна холандскиот стратег.