Очекувањата се Бенџамин Павар од наредната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен, но германскиот гигант се обидуваше овој фудбалер да го доведе веќе ова лето.
Павар е човекот кој беше откритие на Мундијалот и го постигна голот кој беше избран за најубав во Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овој момент тој е играч на Штудгарт, а неодмна сите германски медиуми тврдеа дека договорот е постигнат и дека тој ќе игра за Баерн Минхен и дека само прашање на време е кога.
Според последните информации Баерн го сака Павар уште во овој преоден рок, но Штудгарт за неговите услуги бара сума од 50 милиони евра, додека во неговиот договор има клазула која стапува на сила наредното лето и тогаш гигантот од Минхен може да го доведе за 35 милиони евра.
Засега тврдењата на „Билд“ се дека оваа сезона тој ќе остане во Штудгарт, па наредната ќе се пресели во Минхен.