Дома Фудбал Германија Германците признаа: Кризата беше очекувана!

Германците признаа: Кризата беше очекувана!

Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Рајнхард Гриндел повика на обединување по тешкиот пораз со 0:3 од Холандија во Лигата на нациите.

„Беше јасно на сите нас дека во националниот тим ќе има криза по разочарувачкото претставување на Светското првенство. Затоа сега е повеќе од потребно да останеме обединети како тим на и надвор од теренот“, рече Гриндел.


Поразот го зголеми притисокот врз селекторот Јоаким Лев, кој има договор со федерацијата до 2022 година.

Гриндел не сакаше да коментира за иднината на тренерот и ги повика сите во тимот да се концентрираат на претстојниот натпревар со Франција во вторник и реваншот со Холандија другиот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кин: Хојлунд игра како да е дете од фудбалско училиште, а платен е 85 милиони евра

РОЈ КИН повторно жестоко ги критикуваше играчите на Манчестер Јунајтед, овој пат посебно к…