Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Германските медиуми: Поминавме, но никој не знае како!

Германските медиуми: Поминавме, но никој не знае како!

Германската репрезентација се пласираше во топ 16 фазата на Европското првенство после една драма во последното коло во групата Ф. Германија помина како второпласирана и во осминафиналето ќе игра против Англија на „Вембли“.

Медиумите во Германија предупредуваат дека играта на националниот тим мора да се подигне на повисоко ниво во нокаут фазата. Тие се свесни дека во последен момент се спасија од елиминација во груоната фаза.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


„Билд“ наведува дека среќни се што поминаа, но никој не знае како, реми со Унгарија секако за нив е разочарувачки резултат. Се додава дека играта на Германија безидејна и дека тимот на Лев изгледал како просечна репрезентација, нешто често им се случуваше во последните три години.

За најголем дел од германските медиуми поради актуелната форма на нивната репрезентација Англија е фаворит во дуелот на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Откриен планот: Реал ќе го претстави Мбапе со спектакл каков што не се памети

Набрзо по завршувањето на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде претставен француски…