Дома Македонски спорт Мак ракомет Георгиевски: Сакаме победнички да ја завршиме групната фаза

Георгиевски: Сакаме победнички да ја завршиме групната фаза

Ракометарите на Вардар го обебзедија пласманот во следната фаза од Лигата на шампионите и сигурно ќе бидат петти, натпреварот против Елверум в среда нема резултатко значење но црвено-црните се мотивирани.

Искусното крило Гоце Георгиевски порача дека сакаат победа за влегување со уште подобра атмосфера во следната фаза.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Со исклучувањето на Брест ние ги добивме бодовите и се пласиравме во следната фаза. Резултатски натпреварот со Елверум не значи многу, но играчки сигурно дека е така. Сакаме да ја завршиме групата со победа и така на добар начин да обезбедиме место во нокаут фазата. Елверум е еден квалитетен тим. Играа одлично во групната фаза и со сите противници беа во егал, успеаа да им одземат бодови и на некои фаворити. Затоа очекувам квалитетен и неизвесен натпревар. Натпреварот за нив значи многу затоа што имаат ист број на бодови како и Загреб, сепак тоа нас не треба да не загрижува, ние ќе си ја гледаме нашата игра“, изјави Георгивски.

Натпреварот помеѓу Вардар и Елверум се игра в среда од 20:45 часот.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар не запира, пред потпис е со уште еден српски ракометар!

Ракометарот на Динамо Панчево, Марко Тасиќ е пред трансфер во Вардар, дознава Mozzart Spor…