Дома Трансфер зона Генијалноста на Симеоне прави бариера помеѓу Гризман и Барселона

Генијалноста на Симеоне прави бариера помеѓу Гризман и Барселона

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман со месеци се наоѓа на мета на медиумите во кои се појавува како потенцијална „бомба“ ова лето.

Најдолго се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а потоа следеше шок – Гризман во финишот на сезоната потпиша нов договор со Мадриѓаните, а сега е јасно и зошто.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, Атлетико знаеше дека ќе добие казна од ФИФА и дека нема да може да регистрира нови играчи ова лето.

Поради тоа, на Гризман му беше понудено да потпише нов договор со истата клаузула, од 100 милиони евра, но од 2018. година.

Само ова лето, клаузулата на Гризман изнесува двојно повеќе – 200 милиони евра и тоа е единствената цена по која ќе го напушти Атлетико.

Пресметката на Барселона е јасна, сигурно нема да плати 200 милиони за Гризман и да остави „кусур“ од само 22 милиони по трансферот на Нејмар, па затоа полесно е да премине на другите мети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…