Дома Фудбал Репрезентации „Генијален“ изговор на селекторот: Генетиката е виновна што не сме на СП

„Генијален“ изговор на селекторот: Генетиката е виновна што не сме на СП

Фудбалската репрезентација на Шкотска одигра нерешено во Словенија (2:2), а тоа не беше доволно за пласман на второто место и играње за бараж за Мундијалот во Русија.

После мечот селекторот на Шкотска, Гордон Страхан на интересен начин го согледа неуспехот на неговите избраници. Тој има теорија дека за се е виновна – генетиката.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено, двата гола Шкотска ги прими после прекин кога до израз дојде висината и физичката надмоќ на Словенците во казнетиот простор.

„Генетски сме уназадени. Во минатите квалификации бевме втора најниска репрезентација веднаш по Шпанија. Морав да селектирам тим кој би требало да биде конкурентен во воздушни дуели при прекини. Можеби како земја треба повеќе да внимаваме на тие работи, на пример, да ги спојуваме високите жени во нашата држава со високите мажи, и да видиме што ќе добиеме“, изјави Страхан.

„Мора да се бориме за секоја топка, да го надскокаме ривалот, не им е лесно на моите репрезентативци. Никој не може да ме убеди дека словенечките фудбалери, со исклучок на еден играч, се технички подобри од нас. Тие се само повисоки од нас“, заклучи шкотскиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…