Дома Топ вести Гвардиола ја сака ѕвездата на Реал – шеикот го одврзува кесето

Гвардиола ја сака ѕвездата на Реал – шеикот го одврзува кесето

Гвардиола потроши многу пари минатото лето, но главно работеше на засилување во одбраната, а сега има намера додатно да го засили офанзивниот дел од тимот, иако неговиот тим е меѓу најефикасните во Европа.

Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на каталонскиот стратег е ѕвездата на Реал Мадрид, Иско кој игра фантастично оваа сезона.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Иско е моменално еден од клучните фудбалери во тимот на Зидан и затоа не е чудно што „кралевите“ во новиот договор вметнаа клаузула од 700 милиони евра.

Медиуите тврдат дека Гвардиола ги убедил богатите сопственици дека Иско е фудбалер кој може да направи разлика и во Лигата на шампиони и дека одлично ќе се вклопи во неговиот тим.

Шеикот Мансур одобрил додатни финансии за да се исполни желбата на Гвардиола и нема да жали пари за да го донесе Иско на „Етихад“.

Манчестер Сити нема проблеми со Финансискиот фер-плеј, па можно е следното лето готово целиот буџет да го потроши на доведување на само еден фудбалер.

Дали тоа ќе биде Иско? Останува да видиме…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола ја купува големата желба на Ливерпул

Манчестер Сити остана без еден од најважните фудбалери, Родри, кој заработи тешка повреда …