Дома Фудбал Англија Гвардиола шокира: Целта ни беше пласман во Лига Европа

Гвардиола шокира: Целта ни беше пласман во Лига Европа

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не придава голема важност на одличната серија на својот тим.

„Граѓаните“ се во серија од 13 победи во сите натпреварувања и моментално е лидер во Премиер лигата, со три бода предност пред градскиот ривал.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Гвардиола напомена дека не така одамна Сити беше на 12-то место на табелата и целта била пласман во Лига Европа.

„Ние треба да си ја вршиме нашата работа и ќе биде грешка ако мислиме на другите тимови. Кога бевме 12-ти си мислевме „заборавете на Премиер лигата, да видиме дали ќе се пласираме во Лига Европа следната сезона“. Не треба да гледаме на серијата и статистиката. Ни престојат натпревари против силни тимови како Ливерпул, а потоа и Тотенхем, Евертон, Манчестер Јунајтед“, истакна Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Белингем реагираше нервозно поради замената. Тухел: Морам да го разгледам случајот

АНГЛИСКИОТ селектор Томас Тухел го предупреди Џуд Белингем дека “однесувањето е клуч…