Аргентина после отказот на Сампаоли е во потрага по нов селектор.
Клаудио Тапиа, претседателот на Аргентинскиот сојуз откри дека прв избор му бил Пеп Гвардиола, но се откажал бидејќи Пеп бил прескап.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакавме да го ангажираме, но побара голема сума. Би морале да целиот сојузот да го ставиме под хипотека за да го исплатиме, а можеби ниту тоа не би било доволно. Знаевме дека е скап, но тоа беше премногу“, се пожали Тапиа.
Сега следуваше остар демант и тоа лично од Пеп Гвардиола.
„Аргентинците шират лаги за мене и јас сум разочаран поради тоа. Претседателот на нивниот сојуз не може да каже дека сум прескап бидејќи никој не ме контактираше, па така не ни можат да знаат колку сум платен. Јас имам договор со Сити кој сакам да го одработам до крај, а Аргентина мора да ја води аргентински селектор бидејќи имаат одличен избор“, гласеше демантот од страна на Гвардиола.