Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Против Атлетико ќе биде многу тешко

Гвардиола: Против Атлетико ќе биде многу тешко

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде коментар на противникот во четвртфиналето од Лигата на шампиони, како и на битката за титулата во Премиер лигата.

На денешниот ждреб во Нион, „граѓаните“ за противник го добија Атлетико Мадрид, кој во претходното коло го елиминира Манчестер Јунајтед.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Атлетико помина неверојатно тешка група. Потоа беа подобри од Манчестер Јунајтед во 180 минути. Првото полувреме во Мадрид беше фантастично. Ќе биде многу тешко, особено поради фактот што гостуваме во реваншот. Меѓутоа, ова е четвртфинале во ЛШ и нормално е да биде тешко“, изјави Гвардиола.

„Очекував битката во Премиер лигата да биде толку израмнета. Загубивме бодови во последно време, но играме за победа на секој меч. Остануваат уште девет меча и секој од нив е како финале за нас. Ќе биде многу интересно“, заклучи каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Прослава на Модриќ ги освои срцата на фановите. Погледнете ја неговата реакција

По победата на Милан против Наполи, прославата на Лука Модриќ стана хит на социјалните мре…