Дома Фудбал Англија Гвардиола призна: Ја погрешив тактиката

Гвардиола призна: Ја погрешив тактиката

Манчестер Сити запиша голема победа против Арсенал 1:3 и се искачи на врвот на табелата во Премиер лигата.

Меѓутоа, после мечот Гвардиола призна дека ја погрешил тактиката и дека поради тоа неговиот тим се мачел во натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гвардиола како погрешна ја посочи одлуката да го игра Бернардо Силва како лев бек во првото полувреме.

„Во првото полувреме проблем беше мојата тактика, одлучив да играме нешто ново и тактиката беше ужасна. Во второто полувреме повеќе личевме на самите себе. Се мачевме да го контролираме мечот, затоа страдавме и тие беа многу подобри, но во второто полувреме бевме одлични“, изјави Гвардиола.

„Пред неколку недели можевме да дојдеме тука со заостанување од осум или девет поени, па поразот ќе значеше дека се е завршено. Сега поради фактот дека тие испуштија поени, дојдовме тука со шанса да бидеме блиску и победивме“, додаде Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еве како изгледа костурот за нокаут фазата во ЛШ, ждрепката е утре (Фото)

Синоќа заврши лигашката фаза на Лига на шампиони, со што станаа познати сите екипи што ќе …